Високо образование

Високо образование

Дисперзирани студии по градинарско – цвекарска насока при
Факултетот за земјоделски науки храна.

Почнувајки од учебната 2005/2006 година Факултетот за земјоделски науки и храна ја дисперзираше катедрата по градинарско-цвекарската насока во Струмица.
Сместени се на третиот кат од Домот на АРМ, во кој во учебната 2006/2007 година специјална за таа намена со општински средства реконструирани се 430 м2. Просторот е адекватно опремен со две предавални со капацитет од вкупно 100 седишта, три лабаратории неопходни за практично изведување на наставата, просор за престој на професорите итн.
Во моментот студираат 100 редовни студенти, од кои 50 посетуваат настава од прва година, и 50 во втора година.

Декан:
Чукалиев Ордан – Професор по предметот наводнување

Продекани:
Проф д-р Соња Ивановска, продекан за меѓународна соработка
Проф. д-р Методиј Трајчев, продекан за настава
Доц. д-р Дане Бошев, продекан за наука и апликација

Наставен кадар на катедрата по градинарство и цвекарство :
Помлад асистент Звезда Богоевска
Редовен професор Стефанка Хаџи Пецова
Редовен професор Данаил Јанкулоски
Редовен професор Ѓорѓи Мартиновски
Доцент Јованка Катажина Папатанасиу