Средни училишта

Средни училишта

СОУ “ЈАНЕ САНДАНСКИ”

Започнала со настава на 03. 11.1944 год. Во денешните простории се наоѓа од 1947 година. Во оваа учебна година има запишано 1400 ученици, кои учат во 25 гимназиски (557 ученици) и 16 економски паралелки со (859 ученици). Во моментот има 80 вработени, од кои 73 се професори.

 

СОУ “НИКОЛА КАРЕВ”

Почнало во 1957 како трговско школо, од 1963 е школо за квалификувани работници, од 1973 е електро – металско школо, а од 1984 е она што е денес, техничко технолошко училиште. Денешната училишна зграда е изградена во 1978 година. Во училиштето оваа година има запишано 1600 ученици, кои се поделени во 14 текстилни, 13 технички, 12 машински, 8 сообраќајни и 2 дрвопреработувачки паралелки. Наставата ја изведуваат 89 професори, а бројот на вработени е 101.

СОУ “ДИМИТАР ВЛАХОВ”

Почнало со настава од ноември 1946 година, во училишната зграда каде и денес се наоѓа. Во училиштето оваа година се запишани 807 учениици, кои се поделени во 14 земјоделски, 13 прехранбени и 1 здравствена паралелка. Наставата ја изведуваат 50 професори.