Комунални такси

Комунални такси

Што се комунални такси и кога се плаќаат?
Комуналните такси се давачки што се плаќаат за користење определени права, предмети и услуги од јавен карактер од страна на правните и на физичките лица што вршат дејност и од страна на граѓаните.
Комуналните такси се плаќаат за следниве определени права, предмети и услуги за:
1. секоја фирма, односно назив истакнат на деловна просторија;
2. користење површини за подигање кампови, шатори и за друга слична привремена употреба;
3. користење на простор пред деловните простории за вршење дејност;
4. истакнување реклами, соопштенија и огласи на јавни места;
5. користење музика во јавни локали;
6. поставување витрини за изложување на стоката надвор од деловните згради;
7. користење на плоштадите и на друг простор во градовите и во другите населени места со цел да се изложат предмети, да се приредуваат изложби и други забавни приредби за вршење дејност;
8. користење на просторот, што ќе ги определи општината за таа цел, за паркирање патнички моторни возила, товарни моторни возила и нивни приколки и автобуси;
9. користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и со мотоцикли и
10.  користење и одржување на јавното осветлување.

Што треба да направам кога ќе добијам решение за комунална такса?
Обврзниците на комунална такса се должни да ја платат во рок од 30 дена од денот на добивањето на решението.
За користење музика во јавни локали, ако таксата се однесува за време покусо од еден месец, обврзникот е должен веднаш да ја плати. Ако се однесува за повеќе од еден месец, ја плаќа на еднакви месечни рати, и тоа однапред, а најдоцна до 5-ти во месецот.
Комунална такса за истакнување реклама, соопштение, односно оглас, се плаќа веднаш.

Што треба да направам ако не добијам решение за комунална такса?

Општинската  администрација,  според  податоците  од состојбата на 1 јануари секоја година, за секој обврзник одделно, со решение го утврдува износот на таксата што треба да ја плати.
Доколку не добиете решение за комунална такса, должни сте да се јавите во општинската администрација за да се утврдат причините и да се отстранат пропустите поради кои не е добиено решението.

Како се утврдува износот што треба да се плати?

Комуналната такса се утврдува во еднаква висина за сите обврзници што вршат иста дејност.
Висината на комунална такса не може да се определува според вредноста на предметот, извршениот промет или на остварениот приход.
Комуналната такси се плаќаат според Тарифата за комунални такси.

Исполнете ја законската обврска – продолжете со редовно плаќање на комуналните такси, со што ќе придонесете за побогата, поубава и поуспешна општина.

НАШИТЕ ПАРИ ВО НАШАТА ОПШТИНА!.