Градоначалник

ГРАДОНАЧАЛНИК

Костадин Костадинов е роден на 22.03.1990 година во Струмица.

Воден од семејните и општествените вредности и понесен од силни амбиции за напредок, на 18 годишна возраст се приклучува кон социјалдемократската филозофија и станува член на
подмладокот на СДСМ во Струмица.

Активната политичка кариера ја започнува во 2011 година како избран Претседател на СДММ во Струмица. Со максимална посветеност, труд и залагање, во 7 годишното реализирање на таа функција, со одговарање и извршување соодветни задачи се стекнува со искуство кое континуирано го профилира во активен политичар. Во кариерата напредува како Член на Централниот одбор на СДСМ и партиски портпарол, а од 2019 година е Член и на Извршниот одбор на СДСМ.

Покажувајќи подготвеност да се носи со извршување јавна функција, во периодот од 2013 до 2017 година Костадинов е Советник во струмичкиот Совет, а со мандат од 10 месеци во тековната 2017 година управува со Општина Струмица како најмлад избран градоначалник во Европа.

На Парламентарните Избори во 2017 година, како предложен кандидат од СДСМ за Изборната Единица 4 е избран за народен Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. На оваа функција се носи со исклучително сериозни задачи во рамки на пленарните седници и во собраниските комисии, како активен член. Понесен од сопствената верба во евро-атлантската иднина на државата, Костадин е протагонист и директен учесник на многу важни, историски одлуки во македонското Собрание.

Мотивиран од потенцијалите, можностите и иднината во регионалниот развој, како и европската филозофија за локално делување, кандидиран е за Градоначалник на Локалните Избори во 2021 година.
Почнувајќи од 27.Октомври 2021 година, Костадин Костадинов ја извршува функцијата Градоначалник на Општина Струмица.
По вокација е економист.

Социјални мрежи:
https://www.facebook.com/kostadinkostadinov4/
https://www.instagram.com/kostadinov.kosta/
https://twitter.com/kostadinkosta1
https://www.linkedin.com/in/kosta-kostadinov-b12a4761/