Меѓународен фестивал на камерен театар

Меѓународен фестивал на камерен театар

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ  НА КАМЕРЕН ТЕАТАР

,,РИСТО ШИШКОВ ,,

Фестивалот на камерен театар  во текот на своето тридецениско опстојување  поминал низ сите фази на сопствениот развој.

Ова првенче на македонската театарска самостојност , родено е и пораснато  еднакво бурно исто како што се родил и живеел неговиот патрон  РИСТО ШИШКОВ. Од првичната , речиси до фанатичност идолопоклонска  идеа за ,, Денови на Ристо Шишков,, до стабилизирање на  Интернационален фестивал на Високи Актерски достигнувања изминат е долг и трнлив пат. Едно десетлетие поминато низ противречности  и талкања  по сопствениот идентитет го изградиле во категорична и по многу нешта оригинална и значајна манифестација .

Профилот на Фестивалот посветен на  актерот и актерството му обезбеди високо место  во хиерархијата  на културните и цивилизациските придобивки  кои ја легитимираат  Република Северна Македонија  и престижноста изразена во името на бардот на македонското актерство Ристо Шишков  и сите досегашни лауреатати Македонски и Европски  ѕвезди . Фестивалот својата зрелост ја покажува веке три децении . Струмица  – градот домакин  е еден од најразвиените и најперспективните региони  во Република Северна Македонија , двигател  на вкупните општествени и економски текови во земјата, но и репрезент на врвни културни манифестации.Без сомневање Меѓународниот Фестивал на камерен театар ,, Ристо Шишков,,  започна нова ера од своето постоење. Предизвик кој е во контекст  на новите европски перспективи.

Досегашната традиција  на доделување на една единствена награда за Високо актерско достигнување  ,,РИСТО ШИШКОВ,, го чини фестивалот посебен и различен од други такви или слични фестивали  во Републиката  и поблиското опкружување . Наградата со тежина на името на патронот Ристо Шишков  и нејзиниот паричен износ  е доволен поттик за актерски остварувања  достојни за префиксот  ВИСОКИ.