Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, – Струмица е државна институција за истражување, заштита и афирмација на движното и недвижното културно-историско наследство. Таа освен во сите општини на територијата на Струмичкиот регион делува и во Општините Валандово, Гевгелија, Богданци и Дојран.
За да се запознаете со тековната работа и активностите на оваа институција, а уште повеќе за богатото културно-историско богатство со кое располага Струмичкиот регион можете да ја посетите веб-страната на НУ „Завод и Музеј” – Струмица www.muzej-strumica.mk, каде преку големиот број оригинални наоди во витрините на постојаната музејска поставка ќе се запознаете со минатото многу векови наназад. Исто така, музејската поставка во секое време и од секое место на земјината топка можете да ја посетите и преку 3-д прошетката од која се влегува од веб-страната на институцијата, а на самата страница можете да се запознаете и за повеќе други реализирани и тековни проекти.
Истовремено, доколку сте во Струмица, пак, можете да ги посетите и:
- Постојаната музејска поставка во НУ „Завод и Музеј” со над 5.000 артефакти од праисторијата до средината на 20 век;
- Цареви кули, средновековна тврдина, симбол на градот Струмица
- Галеријата на икони „Св 15. Тивериополски Свештеномаченици“, во која се изложени во оригинал најстарите и највредните икони од струмичкиот регион;
- Турска пошта, етнолошка
- Орта џамија, џамија од 17 век под чии темели се наоѓаат остатоци од средновековна црква од 12-13 век и античко светилиште;
- Манастирот „Св. Елеуса“ во с. Вељуса, средновековна црква од 11 век
- Комплекс на водочки цркви, позната како „Св Леонтие“ во с. Водоча со долга историја од 6 до 14 век.
- Римска терма, комплекс од бајнски лекувалишта од 1-6 век.
Адреса:
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица
27ми Март бр. 2
2400 Струмица
Република Македонија
Телефон: +389 34 345 925
Факс: +389 34 346 991
www.muzej-strumica.mk;
е-mail: zavodmuzej@yahoo.com