Во која насока ќе се движи нашето општество и каква ќе биде иднината на земјата, а со тоа и на општината во која живееме, во многу зависи од образованието. Денес кога светот го одбележува 24. јануари – Меѓународниот ден на образованието, мора да имаме на ум дека сме должни да вложуваме сериозни напори за развој и сеопфатно унапредување на образованието. Општина Струмица, согласно своите надлежности, во соработка со Министерството за образование и наука и сите останати релевантни институции, дава максимален влог за остварување на таа цел. Еден од таквите ангажмани е и неодамнешното советување (обука), како дел од континуираното стручно усовршување на вработените во предучилишното, основното и средното образование, на кое беа споделувани позитивни образовни практики од Шведска, за кое општина Струмица обезбеди финансиска поддршка. Стекнувањето и размената на професионални знаења и искуства за подигнување на квалитетот во образованието и натаму ќе бидат дел од приоритетите на Општината. На сите чинители во воспитно-образовниот процес во општина Струмица им го честитам Меѓународниот ден на образованието, со желба за сеопфатно исполнување на образовната мисија.