Струмичка ликовна колонија

Струмичка ликовна колонија

Меѓународната струмичка ликовна колонија е основана во 1963 година, и е најстарата и афирмирана колонија не само во нашата држава, туку и пошироко. Досега на колонијата учествувале повеќе од 1400 ликовни творци од целиот свет, а фондот на колонијата располага со богата збирка од 2600 дела, и тоа слики, графики, цртежи, скулптури и мозаици. Една од позначајните збирки на колонијата е збирката на основоположниците на македонското современо ликовно сликарство. Дела од: Димитар Пандилов, Никола Мартиновски, Ванѓел Наумовски, Томо Владимирски, Димо Тодоровски, Петар Мазев, Григор Чемерски, и уште многу други ликовни уметници, кои придонеле за развој на Македонската и светската модерна уметност. Во склоп на колонијата веќе 27 години работи и функционира студиото за мозаик, кое е основано во 1993 година од страна на познатиот мозаичар, професор и академик Газанфер Бајрам. Нашата колонија е единствена на балканот во која се работи и негува оваа стара ликовна техника мозаик. Колонијата секоја година се одржува во месец Август, а изложбата на новосоздадените ликовни дела е традиционално на 11 септември, по повод денот на ослободувањето на град Струмица.