АКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА: СКОК ОД 7 МЕСТА И ДОСТИГНАТО НИВО ОД 91,4%

АКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА: СКОК ОД 7 МЕСТА И ДОСТИГНАТО НИВО ОД 91,4%

Годинава општина Струмица го бележи своето највисоко ниво на транспарентност од почетокот на мерењето на Индексот за активна транспарентност

 

Струмица, 12.07.2023 година – Општина Струмица, согласно Индексот за активна транспарентност 2023 година и оваа година се карактеризира со “многу добра“ активна транспарентност со исполнување на обврските за објавување јавни информации од 91,4%, што претставува подобрување во споредба со 2022 година, кога индексот на транспарентност изнесуваше 87,1%. Од аспект на рангирање, оваа година општина Струмица се наоѓа на 23. позиција од вкупно 98 рангирани институции, односно на 18. позиција од вкупно 81 рангирани единици на локална самоуправа. За споредба, лани општината беше на 30 место од вкупно 98 рангирани институции. На ниво на Југоисточниот регион, кој е втор најдобар меѓу регионите годинава, општина Струмица се наоѓа на третото место.

Овогодинешното рангирање и достигнат процент на исполнување на обврските за објавување јавни информации на Општина Струмица е всушност и највисокото ниво на транспарентност измерено во рамки на општината во континуитет, откако е започнато истражувањето и мерењето на Индексот на активна транспарентност. Индексот за активна транспарентност е показател за активните заложби и континуираната работа и посветеност на општина Струмица да овозможи пристап до јавните информации поврзани со работата на општината на жителите и сите заинтересирани.

Истражувањето за индексот за активна транспарентност секоја година, редовно се спроведува од страна на невладиното здружение Центар за граѓански комуникации. Под поимот “активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.