Во организација на Здружението на млади „Посреќно утре“, а со поддршка на Евангелско-методистичката црква од Струмица, се одржа мјузиклот „Божиќно чудо“

Во организација на Здружението на млади „Посреќно утре“, а со поддршка на Евангелско-методистичката црква од Струмица, се одржа мјузиклот „Божиќно чудо“
Вечерва во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, во организација на Здружението на млади „Посреќно утре“, а со поддршка на Евангелско-методистичката црква од Струмица, се одржа мјузиклот „Божиќно чудо“. како дел од европската турнеја на група артисти од повеќе земји.
Од името на градоначалникот Костадин Костадинов, свое обраќање пред присутните имаше членката на Советот на општина Струмица Танкица Трендова. Таа, пренесувајќи пораки на љубов, хармонија и заедништво од градоначалникот, во своето обраќање, меѓу другото рече:„Струмица отсекогаш била и останала гостопримлива и секогаш ширум ги отворала своите порти за добронамерниците, без разлика од каде доаѓаат и какви се нивните културни особености. Така е и овојпат. Овој наш град ја има ретката привилегија да биде град-домаќин на веќе традиционалниот европски караван, кој се одржува постојано, од 2016 година до денес, а го организира Здружението на млади „Посреќно утре“.
Струмица е премногу благодарна што за првпат се најде на мапата, меѓу 45-те градови од цела Европа во кои годинава се одржува овој мјузикл, наречен „Божиќно чудо“, а со поддршка Евангелско-методистичката црква од нашиот град. Фактот дека во мјузиклот учествуваат 50-тина гости–артисти од Јужна Кореја, Украина, Португалија, Полска, Германија, Романија и Македонија, доволно зборува дека добрата мисла и вербата во трајните вредности ги бришат сите граници и бариери меѓу луѓето. Нека биде така засекогаш“.
Инаку, европскиот караван на „Божиќно чудо“ започна на 1 ноември, а ќе заврши на 24 декември, а во нашава земја, покрај Струмица, мјузиклот ќе биде прикажан и во Скопје.