Вкупно 107 пријави доставиле граѓаните до општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец февруари. Најголем број од пријавите, 78 се за уличното осветлување, 12 пријави се за собирање смет, 3 за општинските инспекциски служби, 10 за водовод и канализација,1 пријава за улици, патишта и тротоари и 3 за паркови и зеленило. Од вкупниот број на пријави 107, се решени 84, а останите се во фаза на решавање од надлежните општински служби. Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за користењето на услугите на овој општински сервис и ги потсетуваат на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076484848 на кој можат да ги пријавуваат комуналните проблеми со коишто се соочуваат.
Во февруари се решени 84 проблеми на граѓаните преку „Систем 48
