Согласно планираната динамика за оваа тековна година, а по извршените подготовки, Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот. Денеска втор слој асфалт е ставен на улицата „Максим Горки“ на површина од 1.800 метри квадратни, а во текот на утрешниот ден ќе се асфалтира на улицата „Атанас Караман“. Општина Струмица им благодари на граѓаните за разбирањето и почитувањето на привремениот режим на сообраќај на улиците каде што деновиве се одвиваат градежните активности.