Во рамките на посетата на општинските јавни претпријатија и институции и пренесување на пораката за ред и дисциплина за поголем успех во работата и развој на Општината, градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, ја посети Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица.
Во разговорот со командирот на единицата, Александар Гудев и пожарникарите, беше информиран за опременоста на единицата која е клучна во извршувањето на професионалните задачи во спасувањето на граѓаните и нивните имоти при пожари, природни катастрофи и елементарни непогоди. Со донации од Владата на Република Северна Македонија и општинскиот буџет, единицата е во добра состојба, но се уште има потреба од опрема и нови простории. Градоначалникот Костадинов рече дека струмичките пожарникари кои досега во повеќе наврати ја потврдиле својата способност и пожртвуваност, секогаш ќе ја имаат неговата и поддршката од Општината.