Денес градоначалникот Костадин Костадинов го прогласи за отворен дводневниот научен симпозиум на тема „Книжевното дело на Видое Подгорец – јазик, поетика, херменевтика“ кој по третпат го организира Здружението на граѓани „Средба под јаворите – Видое Подгорец“ од Струмица.
Во своето обраќање пред присутните, тој го истакна грандиозното литературно дело на Подгорец, а на научните работници и професори им посака добредојде во Струмица и плодна работа на Симпозиумот. Организаторите на научниот собир му врачија на градоначалникот благодарница за поддршката што Здружението „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ ја добива од Општина Струмица. Градоначалникот Костадинов вети дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина.