Во рамките на проектот „Обука на учениците и наставниот кадар од основните училишта за правилно селектирање на отпад и чување на постоечката опрема за селектирање во училиштата“ кој е финансиран преку буџетот на општина Струмица и Програмата за заштита на животната средина на територија на општина Струмица, беше извршена едукација под менторство (консултант/едукатор) Митко Шопов.
Активностите за извршување на проектот на Општина Струмица се имплементираа на почетокот на учебната 2024 година.
Овој проект е инициран од граѓаните за почиста и здрава животна средина како и намалување на неселектираниот отпад.
Едукацијата се спроведе во сите основни училишта на територијата на општина Струмица, а во рамките на овој проект беа одржани предавања во сите основни училишта за учениците од 2 до 9 одделение.
- Во прилог на линкот е – Прирачник за образование за селектрирање на Отпадот во основните училишта ЛИНК