Како дел од процесот за унапредување на вело-културата во Струмица, во текот на месец октомври и почетокот на ноември, се одржа 10 дневна обука за велосипедски водич.Градоначалникот Костадин Костадинов синоќа присуствуваше на последнoто предавање од обуката за велосипедски водичи. Во рамките на настанот, а во контекст на транспарентното креирање на буџетот на Општината за 2024 година, Градоначалникот разговараше со велосипедистите за идните активности на општина Струмица од оваа област.
„Велосипедизмот, секојдневно добива на популарност, а општина Струмица и во наредната година ќе продолжи со процесот на изградба на градска велосипедска ифраструктура, но и со информативно-едукативни настани наменети за младите кои ќе имаат за цел зголемување на безбедноста на велосипедистите и другите учесници во сообраќајот”истакна градоначалникот Костадинов.Десетдневната обука за велосипедски водичи ја спроведе Миле Стојменов – професионален велосипедист, а гостин – предавач на темите од областа на туризмот беше Аце Стојанов – лиценциран туристички водич. Дополнително предавање за прва помош и почетна грижа за повредено лице беше спроведена од волонтери на Општинската организација на Црвен Крст – Струмица. На сите учесници на обуката им беа доделени сертификати, а присутните велосипедисти ги поздрави Тони Бајрактаров, страствен љубител на велосипедизмот.
Обуката за велосипедски водич ги вклучуваше следните сегменти:
-Основни вело вештини, Безбедност при управувањето со велосипед, Задолжителна опрема, Одржување и поправка на велосипеди;
-Организација на вело тури за туристи; планирање на рути, правила за однесување за време на тура и процес на организација на тури во урбани или планински предели;
-Презентација на природни убавини и културно наследство во велосипедски тури;
-Правилна исхрана, пред и за време на велосипедски тури;
-Практична организација на велосипедски тури;
-Прва помош и почетна грижа за повредено лице;
Обуката за велосипедски водичи беше финасирана од Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.