ЗАПИСНИК
за текот на постапката за селекција на кандидати за членови на Надзорен Одбор на ЈПЕД ,,Струмица ГАС,, Струмица
На ден 04.07.2023 година, согласно член 7 став 2 од Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, образците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (Службен Весник на РСМ бр.283/2022), Комисијата за селекција оддржа состанок на кој се изврши утврдување на податоците на сите кандидати кои се пријавиле на Јавниот повик за членови на Надзорен Одбор на ЈПЕД Струмица-ГАС Струмица, кои учествувале во постапката на селекција по фази, попис на документацијата која ја приложиле и бодовите кои кандидатите ги освоиле во секоја од фазите на постапката на селекција.
До Архива на општина Струмица, за членови на Надзорен Одбор на ЈПЕД Струмица-ГАС Струмица, е доставена 1 пријава и тоа:
-
Славјана Михаиловиќ – кандидат за член со работно искуство од областа на правните работи со следната приложена документација:
-
Образец за пријавување на Јавен повик за именување на членови на Управен/Надзорен одбор на јавно претпријатие;
-
Уверение за државјанство;
-
Уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС;
-
Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-
Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж;
-
Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација;
-
Кратка биографија;
-
Писмо за интерес/мотивација;
-
Уверение за положен правосуден испит;
-
Уверение за познавање на англиски јазик;
Во Фаза 1 – администаративна селекција кандидатот Ленче Балдовалиева освои 38 бодови, а во Фаза 2- интервју освои 40 бодови, или вкупно 78 бодови
Датум: Комисија за селекција:
04.07.2023 год.
1. Белагија Аливкинова – зам. претседател
2. Илија Тилев – зам.член
3. Ристе Тупаров – зам.член