„Знаењето се вреднува, успехот се наградува“ – доделени стипендии за најуспешните ученици во Струмица

„Знаењето се вреднува, успехот се наградува“ – доделени стипендии за најуспешните ученици во Струмица

Синоќа, во Младинскиот центар се одржа свечен настан на кој градоначалникот Петар Јанков им ги додели стипендиите на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта, како и од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“.

Избор на најдобрите:
Изборот се изврши од пријавените ученици на Јавниот повик објавен на 05.12.2025 година за доделување на:

  • 23 стипендии за редовни ученици од средните училишта
  • 28 стипендии за редовни ученици од основните училишта

Процесот беше спроведен согласно Правилникот за доделување стипендии на редовни ученици од основните и средните училишта во општина Струмица. Највисоко рангираните кандидати добија решение за стипендија.

Вредност на стипендиите:

  • Учениците од средните училишта ќе добиваат по 2.500 денари месечно, во период од девет месеци (учебната 2025/2026 година).
  • Учениците од основните училишта ќе добиваат по 2.000 денари месечно, за истиот период.

Дополнителни стипендии:

Покрај стипендиите доделени од општина Струмица, Фондацијата „Нова Генерација“ додели:

  • 10 стипендии за ученици од средните училишта
  • 13 стипендии за ученици од основните училишта

Сите стипендии се во ист износ како оние од општината.