Уште една укажана чест и голема гордост за мене и Струмица.
Како единствена и прва општина која има функционален Локален совет за превенција, станавме препознатливи во државата и надвор од неа и пример за решавање и превенирање на проблемите на граѓаните.
Со посебно задоволство денеска зборував за нашиот совет на завршната конференција на проектот „Со Локални совети за превенција кон подобрена соработка“ на која учествуваше и Н.Е Ерик Мејер Заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Македонија, а во организација на Центарот за европски стратегии Евротинк со кого имаме одлична соработка.
Успешното функционирање на Локалниот совет за превенција ни го обезбеди и членството во Мрежата на силни градови со што им се придруживме на повеќе од 210 градови и општини ширум светот.
Ставањето во функција на Локалниот совет за превенција беше најдоброто нешто што можев да го направам за мојата општина и за моите струмичани.