Локалното Собрание на млади на општина Струмица ја одржа својата прва – конститутивна седница.
Во Собранието членуваат 17 организации, застапувани од по двајца свои претставници, кои ќе имаат за задача да го формираат Локалниот младински совет. На седницата на Собранието, покрај изборот на претседавач и усвојувањето на деловник за работа, беше донесена одлука за распишување јавен повик за предлагање членови на Локалниот младински совет на општина Струмица.
Со овие и низа други активности, се преземаат суштински чекори за што подобра положба на младите и нивно учество во јавниот живот, преку градење систем на градење младински политики.