Струмица го прослави Чист понеделник со масовно учество и традиција

Струмица го прослави Чист понеделник со масовно учество и традиција

Денеска на градскиот плоштад во Струмица, со масовно учество и посебна почит кон традицијата, беше одбележан Чист понеделник.

Оваа традиција, како составен дел од карневалските денови, собра голем број граѓани на местото каде што се јадеше и делеше бел посен грав, осветен од свештеници на Струмичката епархија.

Меѓу присутните, како и на сите настани во рамките на карневалската програма, беше и градоначалникот Петар Јанков со своите соработници и членови на Советот на општина Струмица, кој ја имаше честа прв да вкуси од традиционалниот бел грав.

Одбележувањето на Чист понеделник беше збогатено и со настапот на играорците од КУД „Фолклорна низа“ од Струмица, кои ја внесоа карневалската енергија и во оваа свеченост.

Нека ни е за многу години! Да си ја чуваме и негуваме оваа наша струмичка убава традиција!