Јавен Повик за доделување на финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во Општина Струмица

Јавен Повик за доделување на финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во Општина Струмица

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 5/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.202/24 ) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“, бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска со Правилникот за условите, критериумите и постапката за доделување финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во ОпштинаСтрумица, донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 30.01.2026 со архивски број 08-716/1, Градоначалникот на општина Струмица објавува: 

Ј  А  В  Е  Н      П  О В И К

за доделување на финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во Општина Струмица

 

  1. Предмет на овој Јавен повик е доделување на финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во Општина Струмица. Јавниот повик произлегува од Програмата Л0 ( Програма од Буџетот на Општина Струмица за 2026 година).

2.Право на финансиска поддршка имаат исклучиво физички лица – поединци (не и спортски клубови или други правни лица), при што тренерска лиценца, согласно Правилникот, е лиценца издадена од надлежна национална или меѓународна спортска федерација, призната од надлежен државен орган.

  1. Право на аплицирањеи маат лица кои припаѓаат во една од следните категории:

 

Категорија 1 – Млади лица (идни или постоечки тренери/спортски работници)

Право на аплицирање во Категорија 1 има лице кое:

– не е постаро од 30 години на денот на аплицирање;

– е државјанин на РепубликаСевернаМакедонија;

поседува важечка лична карта со пријавено постојано живеалиште на територијата на ОпштинаСтрумица;

– аплицира за стекнување на почетна тренерска лиценца, за унапредување на веќе стекната лиценца или спортски административец;

– доказ за статус на вработено односно невработено лице.

 

Категорија 2 – Активни или поранешни спортисти

Право на аплицирање во Категорија 2 има лице кое:

– е активен спортист или поранешен активен спортист кој ја има завршено натпреварувачката кариера;

– има најмалку 5 години активно натпреварување на сениорско или професионално ниво;

– доставува доказ за спортска активност или прфесионални договори;

– аплицира за тренерска лиценцаили спортски административец во спортот во кој има остварено спортска кариера;

– е државјанин на РепубликаСевернаМакедонија;

поседува важечка лична карта со пријавено постојано живеалиште на територија на ОпштинаСтрумица;

– доказ за статус на вработено односно невработено лице.

 

Лице кое ги исполнува условите за двете категории може да аплицира само во една категорија, по сопствен избор.

 

  1. При донесувањето на одлуката за доделување финансиска поддршка, Комисијата ќе им дадепредност на:

– лица кои се евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;

– лица кои за прв пат аплицираат за финансиска поддршка согласно овој Правилник;

– лица од помалку застапениот пол, во случај на еднакви услови;

– лица чие стручно усовршување е од посебно значење за развојот на спортот во ОпштинаСтрумица,

 

така што финансиската поддршка се доделува за:

– трошоци за стекнување или унапредување на тренерска лиценца;

– трошоци за едукации, семинари и обуки признати од национални или меѓународни спортски федерации.

– трошоци за патничко сместување.

 

Финансиската поддршка може да биде целосна или делумна и може да се додели во форма на кофинансирање или рефундација.

Максималниот износ по корисник се утврдува со јавниот повик и не може да надмине 60.000 денари по лице, односно износ утврден во Програмата за спорт на ОпштинаСтрумица.

 

  1. Постапката за разгледување на апликациите и донесување одлука ја спроведува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струмица, која има за задача да ги разгледува апликациите, да го следи Јавниот повик и да донесе Одлука за избор, согласно критериумите, по што Градоначалникот на Општина Струмица ќе склучи Договор со избраните апликанти.

 

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

Во прилог линк од формулар: ЛИНК

За да бидат прифатени апликациите, целокупната документација  потребно е да се достави исклучиво по препорачана пошта или лично во архивата на Општина Струмица, во запечатен плик на кој е назначено дека е за Јавен повик – за доделување на финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во Општина Струмица, во работни денови од понеделник до петок, помеѓу 08:00 и 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол освен горенаведеното да стои и: „Не отворај“, а во долниот десен агол да стои: Општина Струмица, ул.„Сандо Масев“ бр. 1.

Лице за контакт:
Ристо Ристов
Контакт:  riste.ristov@strumica.gov.mk

                                                                                               

                                                                                                       Општина Струмица
                                                                                                  Градоначалник
                                                                                                    Петар Јанков