Мерки и решенија за заштита на животната средина во општина Струмица по барањата на Протестот за заштита од аерозагадувањето

Мерки и решенија за заштита на животната средина во општина Струмица по барањата на Протестот за заштита од аерозагадувањето

Почитувани граѓани,

Согласно законските обврски на Општина Струмица преку Одделението за заштита на животната средина  и Одделението за инспекциски работи,  Општина Струмица ги презема следниве законски обврски и активности согласно барањата на Здрава Котлина:

Инспекциски служби

Согласно законските прописи Одделението за инспекциски работи ги врши следниве активности:

– Во склоп на Одделението има инспектор за заштита на животната средина и два комунални инспектори поврзани за областите согласно своите надлежности третираат дел од причинителите на загадување на воздухот и тоа согласно следниве позитивни законски прописи:

  • Закон за Животна средина
  • Закон за управување со отпад
  • Закон за заштита на амбиентниот воздух
  • Закон за јавна чистота

 

Се реализираат следните активности:

  • Секојдневно во текот на целата година се вршат вонредни и редовни надзори на правни и физички лица
  • Согласно барањата истите веќе се објавуваат на нашата официјална страна на Општина Струмица
  • Секој инспектор изготвува Годишен извештај за претходната година до 15 март во тековната година и истиот го доставува до ресорното министерство и е податок од јавен карактер.
  • Има изготвено полугодишен извештај за работата на Секторот за инспекциски работи и истиот ќе биде достапен на официјалната страна на Општина Струмица
  • Тековна соработка со СВР Струмица, во рамките на која униформираните полициски службении постапуват согласно Законот за јавна чистота
  • Секојдневно се врши контрола на локации со висок степен на ризик за создавање на диви депонии во рамките на работното време
  • Инспекторот за животна средина согласно законските надлежностите изрекува инспекциска мерка  решение за инсталација на филтри согласно:

1.Законот за животна средина член 24

2.Законот за квалитет на амбиенталниот боздух член 57

 

Во програмата за заштита на животната средина за тековната 2025 година имаме планирано повеќе актовности кои се дадени на јавна набавка и проекти кои веќе се работат согласно добиените проекти од различни институции:

– Изработка на зелен катастар – јавна набавка

– Воспоставување  на локална мрежа за мерење на воздух на шест локации за почеток – јавна набавка

– Субвенционирање на купување на велосипеди и заштитна опрема на граѓаните на Општина Струмица тековно секоја година

– Субвенции за цената на гасот за домаќинствата и приклучок на домаќинствата на гасот

– Мерење и лабараториски анализи од стручни установи за потребите на Инспекциите – јавна набавка

– Катастар на загадувачи во изработка краен рок е до месец јуни – ќе биде достапен на веб страница на Општина Струмица

– План за квалитет на воздухот во изработка на УНДП и Центар за климатски промени во завршна фаза и ќе биде доставен на јавен увид 30 дена за ваши забелешки

– Сите Б интегрирани барања и дозволи се достапни во Одделението за заштита на животната средина контакт телефон 075-395-914 раководител на Одделение Томислав Андреев додека за А интегрирани дозволи е одговорно Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање. Регистрите за Б интегрирани дозволи  се законска обврска и Одделението ги има и на веб страницата на општина Струмица

– Во наредните три месеци ЈПКД „Комуналец“ Струмица во соработка со Општина Струмица во текот на пет дена во секој месец ќе подига кабаст отпад, отпад од градежен шут на физички лица и отпад од земјоделски површини бесплатно со пријава на телефонски број даден од страна на ЈПКД Комуналец Струмица

– Ќе се разгледа идејата за формирање на Сектор за заштита на животната средина, секако дека има потреба бидејки обемот на работа е зголемен и ингеренциите на животната средина се зголемени, а и енергетската ефикасност е исто во областа на животната средина

– Дрон ќе биде активиран и ќе се изврши повеќе кратно снимање на територијата на општина Струмица во различни временски интервали

– Со донесувањето на новиот ГУП се планира изградба на нов парк на површина од 40.000 квадратни мерки во населбата Касарна  – средства обезбедени преку ЕУ и дел УНДП и сопствено учество на Општина Струмица.

– Засади дрво го подржуваме и преку ЈПКД „Комуналец“ Струмица – програма за зеленило ќе се набавува континуирано големи садници на дрва и ќе се засадуват

– Ограничување на раст и системска стимулација за преселба на постоечки Г1 индустриски капацитети од општина Струмица на минимално растојание од 5 км од населено место. Ова со донесувањето на новиот ГУП треба да се реализира