Заради големиот број на реакции од страна на јавноста, а како транспарентна и отчетна Општина го даваме следното објаснување за потребата за изградба на крстосница со такво сообраќајно решение.
Прво, станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.
Второ, станува збор за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите стручни лица и сите надлежни институции, меѓу кои СВР Струмица и Советот на општина Струмица.
Трето, потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинова“ кон улицата „24-ти Октомври“ и од улицата „24-ти Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно направени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во најголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24ти Октомври“ и од неа кон излезот на градот.
Ја замолуваме јавноста за трпение проектот да биде целосно завршен, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.
Реализацијата на проектот беше на барање на сите граѓани заради појавата на голем број на сообраќајни незгоди и загушувања кои постојат на оваа крстосница, со што и во прв план ја имавме практичноста и функционалност, а не неговата симетрија и изглед.