Одбележан 80 години постоење на Црвен Крст на Република Македонија.

Одбележан 80 години постоење на Црвен Крст на Република Македонија.
Вчера во Хотел Вила Парк, се одбележа значајниот јубилеј – 80 години постоење на Црвен Крст на Република Македонија.
На свеченоста од името на Општина Струмица се обрати заменик градоначалникот Елена Маѓеровска Паликарова. Таа ги поздрави присутните и нагласи важноста на соработката помеѓу Општина Струмица и Црвен Крст, како и нивната заедничка посветеност на хуманитарните цели.
За големото и континуирано залагање во хуманитарната сфера, Црвен Крст ја награди Општина Струмица со плакета во знак на благодарност за поддршката и соработката во изминатите години.
Овој настан беше прекрасна прилика за споделување на достигнувањата и прослава на хуманитарните напори што ги вложуваме за доброто на нашата заедница.
Општина Струмица ја продолжува својата посветеност на поддршката на хуманитарните цели и соработка со Црвен Крст.