Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина ( ,,Сл. весник на РМ” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/08, 83/2009, 48/2010, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и ,,Сл.весник на РСМ” бр. 89/22 и 171/22), Градоначалникот на Општина Струмица, на ден 05.07.2023 година, донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за градба со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани за проектен опфат на КП 1113, КП 2223 и други КО Свидовица, општина Струмица со инсталирана моќност до 5 MW кој се носи согласно Закон за урбанистичко планирање ( ,,Сл.весник на РСМ” бр. 32/20) и Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година бр. 08-8429/1 од 29.12.2021 година, не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струмица www.strumica.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за градба со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани за проектен опфат на КП 1113, КП 2223 и други КО Свидовица, општина Струмица со инсталирана моќност до 5 MW нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Влијанието врз населението и човековото здравје е минимално и занемарливо. Влијанието врз квалитетот на амбиенталниот воздух, влијанието врз квалитетот на површинските и подземните води, влијанието врз почвата, влијанието поврзано со управување со отпад се исто така минимални и занемарливи. Позитивни влијанија ќе има преку намалување на енергетската криза во државата, намалување на емисијата на СО2 во атмосферата, ќе се овозможи повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот – озеленување, осветлување, се создаваат услови за развој на локалната економија.
4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерот за животна средина и просторно планирањево рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната на општината.
Формуларот може да го симнете од следниов линк: ФОРМУЛАР