Со максимална грижа и посветеност, Локалниот Совет за превенција на општина Струмица ја започна 2024 година, а истата посветеност ја задржа и при завршувањето на годината. Овој Совет продолжува да биде пример за сите општини во државата и пошироко.
Денес, Локалниот Совет за превенција ја одржа својата 19. работна конференција, која беше последна за оваа година. На собирот се собраа надлежните чинители, а конференцијата беше фокусирана на две клучни теми. Првата се однесуваше на проблемот со узурпацијата на јавните површини во населбата Карпош во Струмица, при што беше поведена дискусија и извлечени заклучоци. Втората тема беше споделувањето на искуствата од 5. Глобалниот самит на Мрежата на силни градови, кој се одржа во Кејптаун, Јужноафриканската Република.
По успешното завршување на конференцијата, членовите на Советот си посакаа континуитет на успехот и во 2025 година.