Со делегација од Општина Струмица денеска ја посетивме среќната мајка на првото бебе родено во 2026 година во Струмица, Др Катерина Тодорова. На малата Каја ѝ ги пренесовме нашите најтопли желби да расте здрава и среќна, и да има долг живот исполнет со радости и успеси.
На родителите им посакавме да ја продолжат својата одговорна и значајна улога во воспитувањето и грижата за нивното дете, а Општина Струмица и во иднина ќе остане поддршка на секое ново семејство.
Сите заедно си посакуваме среќна, работлива и успешна 2026 година.


