Денеска се навршуваат 64 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател, Борис Трајковски. По тој повод, градоначалникот Коста Јаневски со претставници на Советот на општина Струмица, претставници на неговото семејство, здруженија, институции и политички партии, положија свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, подигнат во негова чест.