Општина Струмица учествуваше на конференцијата на УНДП посветена на темата „Човекови права и животна средина – Унапредување на пристапот до правда и институционална одговорност“. На панел-дискусијата говорник беше Зорица Партенова, општинска инспекторка за животна средина, која ги презентираше:
мерките за следење на еколошките црни точки
инспекторските активности и постапки
начините за поефикасно справување со аерозагадувањето
чекорите што ги презема општината за почиста и поздрава животна средина Општина Струмица продолжува активно да работи на унапредување на еколошките стандарди и обезбедување еколошка правда за сите граѓани.


