Со финансиска поддршка за 48 ученици со попреченост ја демонстрираме посветеноста за пристапна социјална заштита и образование за сите
Како дел од редовната работа, Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов ја реализираше годишната средба со лицата со попреченост и телесен инвалидитет во чии рамки разговараше за стратегијата на општина Струмица за социјална заштита и еднаквост, реализираните активности во 2024 година, како и дискутираше за потребите на граѓаните во овој сегмент. На средбата, беше потенциран високиот степен на реализација на предвидените активности во доменот на социјалната заштита, како и посветеноста на Општина Струмица да биде општина во која граѓаните се социјално заштитени и имаат еднаков пристап до услугите.
„Социјалната заштита не е само обезбедување помош. Напротив, тоа е изградба на општество и развој на колектив каде што секој има можност да живее достоинствено, заштитен, зајакнат со неопходните ресурси и со можности за напредок. Токму ова е и визијата за Струмица. Реализацијата на социјални иницијативи ја одразуваат нашата посветеност кон овозможување на достапна социјална заштита за сите жители на општината, вклучувајќи ги и лицата со попреченост и инвалидитет. Оттука, како дел од овие активности, беше распишан јавен повик за финансиската поддршка за редовните ученици со попреченост за учебната 2024/2025 година. Во рамки на оваа програма, вкупно 48 лица со попреченост – 39 ученици во основно образование и 9 ученици во средно образование, во период од 9 месеци ќе добиваат по 1.500 денари финансиска поддршка од општина Струмица. Ги поддржуваме родителите, истовремено поттикнувајќи ги учениците да ги постигнат своите образовни цели. Даваме уште еден пример за тоа како треба да се работи за отстранување на бариерите и создавање на пат за успех.“ – потенцираше Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Визијата на Општина Струмица за социјално заштитени граѓани со еднаков пристап до услугите е втемелена во Стратегијата за социјална заштита на граѓаните на општина Струмица (2022–2027) и во Социјалниот план (2021–2024), надополнета со опсежни јавни консултации и партнерства. За да одговори на потребите и приоритетите на нејзините граѓани, општината применува проактивен пристап фокусиран на четири клучни столбови: Развој на капацитети, преку зајакнување на институционалната рамка на локалниот систем за социјална заштита; Системска интеграција на локално ниво преку унапредување и подобрување на соработката помеѓу системите за социјална и детска заштита со образованието, здравството и пазарите на трудот, вклучувајќи и употреба на дигитални решенија за ефикасни и навремени одговори на социјалните ризици; Локален социјален развој преку социјална заштита и превенција преку спроведување насочени мерки за намалување на сиромаштијата, зголемување на социјалната вклученост и поддршка на ранливите групи, на институционално и вонинституционално ниво; како и ефикасно управување со општинските буџетски средства и надворешни финансиски ресурси за одржување на услугите за социјална и детска заштита.
Оваа година, Општина Струмица одвои значителни ресурси за справување со клучните социјални предизвици преку нејзината Буџетска програма V2 – Социјална заштита за 2024 година, која ги опфаќа следните иницијативи:
- Поддршка за жртвите на семејно насилство: Финансиска поддршка за непречено работење на постоечкиот Шелтер-центар во Струмица, со цел обезбедување грижа и рехабилитација за жртвите на семејно насилство (000.000 денари). Дополнително, во рамки на основниот Буџет на општина Струмица за 2024 година опфатено е и приспособување, адаптација и опремување на општински објект во „Куќа на пола пат“ за жртви на семејно насилство кои преминуваат во самостоен живот.
- Субвенционирана поддршка на самохрани родители: Субвенционирање на надомест за целодневен престој на деца во општинските градинки за 30 самохрани родители, со цел промовирање на еднакви можности (000 денари).
- Лична и образовна асистенција: Обезбедување 20 лични асистенти за деца со попреченост – ученици во основно и средно образование, во партнерство со УНДП (620.000 денари).
- Иницијативи за вработување: Кофинансирање на Програмата за ОКР (Општинско корисна работа) за 2023/24 година, во рамките на спроведување процес за ангажирање на 32 невработени граѓани од економски ранливи средини во извршувањето на јавни работи (000 денари).
- Поддршка за ранливите заедници: Финансиска помош за ОО Црвен крст Струмица за реализација на дел од нивната годишна програма (300.000 денари).
Дополнително, Општина Струмица е фокусирана на унапредување на системот на социјална заштита на локално ниво и дава приоритет на превенцијата преку справување со основните причини за социјалните ризици, преку финансиска поддршка и реализација на голем број активности и иницијативи, како:
- Поддршка на зголемување на инклузијата на територија на општината: Финансиска поддршка на функционирањето на Клуб за деца со даунов синдром „Деца на сонцето“, поддршка на проект на Центарот за деца со интелектуална попреченост “ПОРАКА“ Струмица; Финансиска поддршка за функционирање на единствениот во државата, специјален фитнес центар за лица со телесна или друг вид на попреченост; Стипендирање на ученици со попреченост кои покажуваат особени резултати во рамки на редовниот образовен процес (вкупно: 550.000 денари).
- Образовна поддршка за малцинските групи: Дополнително туторство за учениците од малцинските групи кои се дел од редовниот образовен процес, а кои значително заостануваат во следењето на наставата (000 денари).
- Поддршка на лица во социјален ризик: Финансиска поддршка на хуманитарни активности – дел од проект на фондацијата ЕЛЕУСА (200.000 денари).
- Здравствени иницијативи и промовирање на еднакви услови: Финансиска поддршка на проекти за борба против дијабетесот, промовирање на здравјето на ‘рбетниот столб и спречување на проблеми со зависности кај младите; препознавање и превенирање на малолетничка бременост кај малцинските етнички заедници (000 денари).
- Поддршка за мобилност: Специјални проекти за подобрување на пристапот за лицата со телесен инвалидитет, вклучително и набавка на електрични уреди за мобилност (000 денари).
- Платформа за социјално мапирање: Развој на интегрирана дигитална алатка за идентификување и справување со ранливост низ заедницата (000 денари).
- Локални социјални сервисни услуги: Соработка помеѓу Министерството за Труд и Социјална Политика, Општина Струмица и сервисни провајдери за помош на над 60 постари лица од општина Струмица (Поддршка преку обезбедување општинско возило за овозможување на услугата) и за поддршка на Дневниот центар за престој и грижа на деца со интелектуална попреченост (Општината обезбедува простории и оброци за децата); Поддршка на работата на Повеќенаменскиот социјален центар во Струмица; Поддршка на работата на подрачната единица на СОС Детско Село Скопје во Струмица; Реконструкција, адаптација и целосно опремување на кат од објект во касарната со цел создавање на услови за нови социјални сервисни услуги; Дополнително, изготвена и поднесена е апликација до Министерството за труд и социјална политика за реконструкција на детска градинка на територија на општината.