Општинските инспектори запленија 31 килограм бакар

Општинските инспектори запленија 31 килограм бакар

Од страна на инспекциските служби на општина Струмица, односно од страна на инспекторката за животна средина и, комуналните инспектори изминативе денови во координација со полициски службеници од МВР Струмица од три физички лица одземено е бакар во количина од 31 килограм, додека за еден правен субјект кој управува со отпад поради непоседување на дозвола за истиот покренато е постапка за спогодување пред Комисија формирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дополнително на шест физички лица од страна на комуналните инспектори изречени се прекршочни глоби од 50 евра по одлуката за комунален ред а на четири физички лица по 250 евра од страна на инспекторката за животна средина согласно Законот за управување со отпадот заради согорување на отпад на отворено.

Преземените мерки се во согласност со важечките законски прописи.

Засилените контроли во делот со загадување на воздухот од согорување на отпад и бакар на отворено ќе продолжат и во наредниот период во координација со Министерството за внатрешни работи.

Согласно планот за работа на Секторот за инспекциски работи од страна на општинскиот инспектор за животна средина во тек е вршење на редовни инспекциски надзори над правни субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола.

Градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков, од надлежните служби очекува посветена и координирана и навремена работа, дејство во рамките на законот и правилата и можностите.
Активна соработка очекува и од граѓаните која пак, се повеќе ја има и којашто е многу важна за да се направат вистински промени и да се добијат посакуваните ефекти.