Заврши реконструкцијата. односно замената на тунелското осветлување во подземната сообраќајница на плоштадот „Гоце Делчев“.
Според директорот на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ Иван Стаменовски, со реконструкцијата е подобрена функционалноста и фотометриската распределба на осветлувањето.
Извршена е замена на сите дотраени тела кои користеа натриумови сијалици со моќност од 250W. Поставени се нови 93 светилки за тунелско осветлување изработени во ЛЕД технологија со моќност од 100W, 131 број странични катадиоптри за означување на правец на движење и извршена е замена на 24 панични светла во случај на прекин на напојувањето.