ПОШУМУВАЊЕ – ЧАМЧИФЛИК, ОПШТИНА СТРУМИЦА

ПОШУМУВАЊЕ – ЧАМЧИФЛИК, ОПШТИНА СТРУМИЦА

Општина Струмица, со силна поддршка од градоначалникот Петар Јанков, во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Струмица (ДПД Струмица), ПШС „Беласица“ – Струмица со подршка на Заменик Генерален Директор на ,,Македонски Шуми” Кире Михаилов, ОО Црвен Крст Струмица, голем број волонтери, наставници од основните училишта, професори и ученици од средните училишта, како и љубители на природата, организираше акција за пошумување на локалитетот Чамчифлик.

Во рамки на акцијата беа засадени околу 1200 садници чемпрес и црн бор,со што се придонесе кон зајакнување на зелените површини, подобрување на квалитетот на животната средина и долгорочна заштита од ерозија и пожари. Настанот помина во позитивна атмосфера, со изразен волонтерски дух и подготвеност на сите учесници да придонесат за почиста и позелена Струмица.