Ве покануваме на Првата форумска сесија што ќе се одржи на ден 03.10.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала). Првата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.
На првата буџетска форумска сесија ќе имате можност да се запознаете со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, како и со реализираните приоритети за развој на Општина Струмица за 2019 година.
Вашето присуство, активно учество и Вашиот придонес ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање на општинските политики и креирање на општинскиот Буџет.