Реконструкцијата на подрачното училиште „Сандо Масев“ во населеното место во Добрејци е во полн ек. Се санира буквално се и фасадата и внатрешниот дел на училиштето. Учениците и наставниот кадар ќе добијат квалитетни услови за изведување на наставата, што е една од заложбите на градоначалникот Костадин Костадинов.