Врз основа на член 50 став 1 точка 3 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 став 1 алинеја 3 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), Градоначалникот на општина Струмица, донесе
Решение за објавување на Одлуката за утврдување режим на сообраќај на улиците „Моша Пијаде“ „Монополска“ и „Беласица“ во град Струмица
Се објавува Одлуката за утврдување режим на сообраќај на улиците „Моша Пијаде“ „Монополска“ и „Беласица“ во град Струмица, донесена на седницата на Советот на општина Струмица, одржана на 25.06.2020 година.
На следниов линк може да ја видите одлуката.
Бр.09-3729/2
26.06.2020 год.
С т р у м и ц а
Општина Струмица
Градоначалник,
Коста Јаневски