Совет на општина Струмица
Бр.08 – 7983/1
06.11.2025 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на втората седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам втората седница на Советот на општина Струмица за ден 13.11.2025 година (четврток).
Втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 1-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – План на програмите за развој за 2026 година;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2025 година;
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2025 година;
- Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за заштита од штетно дејство на водите во 2025 година;
- Предлог- Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог- Програма за измена на Програмата за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на социјалната и детската заштита во 2025 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година;
- Предлог – Одлука за избор на член на Советот на општина Струмица кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на Градоначалникот на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Славица Димитриевска од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Зорица Јованов од Струмица;
- Предлог – Правилник за измена на Правилникот за доделување на стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Струмица за една наставна година
- Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2026 година;
- Измена на Годишен план за вработување на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за 2026 година;
- Програма за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2026 година.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Никола Маџунков

