Решение за свикување на дваесет и деветата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на дваесет и деветата седница  на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 8964/1
    20.10.2023 год.
    С т р у м и ц а

 

               Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на дваесет и деветата седница  на

Советот на општина Струмица

 

Ја свикувам дваесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.10.2023 година (петок).
Дваесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.
За работа на седницата предлагам:

 

I

 

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за  2023 година;
  2. Предлог – Програма за измена на Програмата за работа со облиците на месна самоуправа во 2023 година;
  3. Предлог – Програма за   измена  и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
  4. Предлог – Програма за измена на Програмата за  уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
  5. Предлог – Програма  за измена на Програмата за заштита од штетно дејство на водите во 2023 година;
  6. Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
  7. Предлог – Програма за измена на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
  8. Предлог – Програма за измена на  Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2023 година;
  1. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2023 година;
  1. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2023 година;
  2. Предлог – Програма  за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на социјалната и детската заштита во 2023 година;
  3. Физибилити студија за поставување и одржување на кровни фотоволтаици на објекти во сопственост на општина Струмица;
  4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Миле Мукановски од с.Куклиш;
  5. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
  6. Предлог – Одлука за ставање во мирување на подрачното училиште во с.Попчево при ООУ„Маршал Тито“ Струмица;
  7. Предлог – Одлука за прифаќање на донација на електрични возила за превоз;
  8. Предлог  –  Одлука  за прифаќање на донација на полначи за електрични возила;
  9. Предлог – Одлука за формирање на Партиципативно тело од областа на урбанизмот на општина Струмица;
  10. Предлог – Одлука за избор на претставници – членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на општина Струмица;
  11. Предлог – Деловник за работа на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на општина Струмица;
  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр. 3461 КО Банско;
  13. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП47.5.I, во Блок 3 и 5, Општина Струмица;
  14. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за поделба на ГП 4.3, УБ 4, во Струмица;
  15. Предлог – Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
  16. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на полуподземни контејнери на ЈПКД „Комуналец“- Струмица;
  17. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на цените на услугите за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад на подрачјето на Општина Струмица;
  18. Ценовник за вршење на работи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во 2023 година;
  19. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта“ Струмица за 2023 година;
  20. Програма за измена на Програмата за работа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица за 2023 година;
  21. Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица;
  22. Анекс на Годишната програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за учебната 2023/2024 година.

 

 

 

                                                                                                                                                                                                                                                        Совет на општина Струмица
                                     Претсeдател,
           Марjан Даскаловски