Решение за свикување на дваесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на дваесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 – 1876/1
08.03.2023 год.
С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р е ш е н и е
за свикување на дваесет и првата седница на
Советот на општина Струмица

Ја свикувам дваесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.03.2023 година (среда).
Дваесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работата на седницата предлагам:

Усвојување на записникот од 20-та седница на Советот на општина Струмица

Д н е в е н р е д

1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2022 година;
2.Годишен извештај на Општина Струмица за 2022 година;
3.Предлог – Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2022 година;
4.Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
5.Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2023 година;
6.Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месната самоуправа за 2022 година;
7.Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2022 година;
8.Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2022 година;
9.Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2022 година;
10.Извештај за реализација на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина и штетно дејство на водите на подрачјето на Општина Струмица за 2022 година;
11.Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2022 година;
12.Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2022 година;
13.Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2022 година;
14.Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2022 година;
15.Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во Општина Струмица за 2022 година;
16.Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2022 година;
17.Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2022 година;
18.Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2022 година;
19.Извештај за работата на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2022 година;
20.Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2023 година;
21.Предлог – Одлука за доделување парична помош на Билјана Лазарова – Николова од Струмица;
22.Предлог – Одлука за надомест на проценета штета од природна непогода – град, дожд и ветер – 16.06 и 04.07.2019 година;
23.Предлог –Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2023 година;
24.Предлог – Одлука за расходување на основни средства и ситен инвентар при Општина Струмица;
25.Предлог – Одлука за основање на јавно сообраќајно претпријатие на територијата на Општина Струмица;
26.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на Кпбр.1602 КО Дабиља;
27.Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 41.23, ГП 41.24, ГП 41.25, ГП 41.26, ГП 41.27 и ГП 41.28, ГП 41.29 и ГП 41.30 од измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 41, КО Струмица, општина Струмица;
28.Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1 од Урбанистички план за дел од село Куклиш, дел од Блок 4, Општина Струмица;
29.Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.4-1, ГП 1.4-2, ГП 1.4-3, ГП 1.4-4, ГП 1.4-5 и ГП 1.4-6 (КП 435/1 и КП 435/2), КО Градско Балдовци, Општина Струмица;
30.Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2023 година;
31.Правилник за составот и начинот на работа на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
32.Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2022 година;
33.Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2022 година;
34.Предлог – Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
35.Извештај за работата на Општиската јавна установа –Отворен граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ за 2022 година;
36.Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2022 година;
37.Извештај за работата на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2022 година;
38.Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за периодот од 01.01 2022 до 31.12.2022 година;
39.Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за 2022 година;
40.Одлука за покривање на загуба по годишна сметка за 2022 година;
41.Одлука за усвојување на годишната сметка со Годишен извештај, финансиски извештаи, објаснувачки белешки и биланси на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Годишен финансиски извештај за 2022 споредено со 2021 година и Одлука за усвојување на Годишниот финансиски извештај за 2022 година;
42.Годишна сметка на ЈПЗБК „Стационар ЛАНА“ Струмица;
43.Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПЗБК „Стационар ЛАНА“ Струмица;
44.Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за основање на јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
45.Одлука за касов максимум за 2023 година на ЈПЗБК „Стационар ЛАНА“ струмица.

Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски