Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на дваесет и четвртата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 21.06.2023 година (среда).
Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
1. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат за КП 3040/2 во КО Дабиља;
2. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на дел од КП бр.4658, КО Струмица;
3. Предлог – Одлука за давање финансиска помош на Општина Делчево по поплавите предизвикани од невремето;
4. Предлог – Решение за именување на вршител на должност член на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
5. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
6. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршители на должност членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
7. Статут на Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица – Транспорт“ Струмица;
8. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта“ Струмица за период од 01.01.2023 до 31.03.2023 година;
9. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот и условите на паркирање, времетраењето на паркирањето односно неговото ограничување и означувањето на јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица;
10. Одлука за измена и дополнување на Статутот на Локална установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица;
11. Предлог – Одлука за усогласување на Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Струмица за 2023 година согласно Законот за еднaкви можности на жените и мажите;
12. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Струмица за 2023 година.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски