Совет на општина Струмица
Бр.08 – 5603/1
31.07.2025 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на педесет и четвртата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 07.08.2025 година (четврток).
Педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на Кпбр. 183/1 во КО Раборци;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.27/1 КО Три Води;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП18, ГП4.19, ГП4.20,и ГП4.21, од ДУП за Блок 19, Општина Струмица;
- Предлог – Решение за избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;
- Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
- Предлог – Одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2026 година;
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица за 2026 година;
- Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2026 година.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски