Совет на општина Струмица
Бр.08 – 1123/1
09.02.2026 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на седмата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 16.02.2026 година (понеделник).
Седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од 5-та и 6-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2026 година;
- Предлог – Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Струмица во 2026 година;
- Предлог – Решение за разрешување на членови и вршител на должност член и именување на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈПЗБК Стационар „Лана“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување на членови и именување на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈПЗБК Стационар „Лана“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување претставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на СОOУД „Димитар Влахов“ Струмица;
- Измена и дополнување на Годишниот план за вработување на ЈПЕД „Струмица-Гас” Струмица за 2026 година;
- Барање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места согласно Измена и дополнување на Годишниот план за вработување на ЈПЕД „Струмица-Гас” Струмица за 2026 година.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Никола Маџунков

