Решение за свикување на четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 -9174/1
    05.12.2024 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на четириесет и петтата седница  на
Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 12.12.2024 година (четврток).
               Четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.
               За работа на седницата предлагам:

 

 

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
  2. Предлог – Одлука  за определување проценувачи на пазарната вредност на недвижниот имот како даночна основа при утврдувањето на даноците на имот на подрачјето на општина Струмица;
  3. Предлог – Одлука за кофинансирање на Проект за изведба на „улица 23-ти Октомври” (лев коловоз) – Општина Струмица;
  4. Предлог – Одлука за отпис на застарена обврска кон правно лице;
  5. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Љубинка Рубиева од с.Добрејци;
  6. Советнички прашања;
Совет на општина Струмица
         Претсeдател,
           Марjан Даскаловски