Решение за свикување на четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-7659/1, 21.09.2022 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 28.09.2022 година (среда).

Четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 13-та седница на Советот на општина Струмица

II 

Д н е в е н   р е д

    1. Предлог – Одлука за утврдување на работното време во ЈОУДГ „Виножито “ Струмица;
    2. Предлог  –  Одлука за утврдување надомест на трошоци за престој на деца во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
    3. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2022 година;
    4. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2023 година;
    5. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за 2022 година;
    6. Извештај за работата на ЈПКД “Комуналец” Струмица за период I-VI месец 2022 година;
    7. Годишен план за вработување на Дом за деца и млади „Благој  Мучето” Струмица за 2023 година;
    8. Годишен финансов план за ЈПЗБК „Стационар – Лана“  Струмица за 2022 година;
    9. Извештај за работа на СОУ „Јане Сандански”  Струмица во учебната 2021/2022 година;
    10. Предлог – Годишна програма за работа на СОУ „Јане Сандански”  Струмица во учебната 2022/2023 година;
    11. Извештај за работа на СОУУД „Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2021/2022 година;
    12. Предлог – Годишна програма за работа на  СОУУД „Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2022/2023 година;
    13. Извештај за работа на СОУ „Никола Карев”  Струмица во учебната 2021/2022 година;
    14. Предлог – Годишна програма за работа на  СОУ „Никола Карев”  Струмица во учебната 2022/2023 година;
    15. Советнички прашања.

Совет на општина Струмица

Претсeдател,

Марjан Даскаловски