Решение за свикување на шеснаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на шеснаесеттата седница  на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 – 8916 /1
03.11.2022 год.
С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р е ш е н и е
за свикување на шеснаесеттата седница на
Советот на општина Струмица

Ја свикувам шеснаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 10.11.2022 година (четврток).
Шеснаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот
За работа на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н  р е д

1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2022 година;
2. Предлог- План на програмите за развој за 2023 година;
3. Предлог– Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Василево;
4. Предлог– Одлука за формирање на заедничка комисија за унапредување на Локалниот економски развој и руралниот одржлив развој во сите сегменти на меѓуопштинската соработка помеѓу општините Струмица и Василево со посебен осврт на земјоделството, низ процесот на примената на современи дигитални алатки;
5. Предлог- Решение за именување на членови во заедничката комисија за унапредување на Локалниот економски развој и руралниот одржлив развој во сите сегменти на меѓуопштинската соработка помеѓу општините Струмица и Василево со посебен осврт на земјоделството;
6. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
7. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година;
8. Извештај за спроведување на План за квалитет на воздухот и Мерки за подобрување на квалитет на воздухот;
9. Извештај за постапката за ЛЕАП 2023-2029 година;
10. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2022 година;
11. Барање согласност на Одлука за определување надомест за присуство на седница на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
12. Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2022 година на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
13. Предлог- Решение за именување на членови во Надзорен одбор за внатрешна контрола на работењето на ЈОУДГ „Виножито“- Струмица;
14. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
15. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ Струмица за периодот од 01.01 2022 до 30.09.2022 година;
16. Програма за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2023 година.

Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски