Совет на општина Струмица, Бр. 08-1305/1, 18.02.2022год.
Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/2002) и член 3 Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на шестата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам шестата седница на Совет на општина Струмица за ден 25.02. 2022 година (петок).
Шестата седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица со почеток во 13,30 часот.
За работа на седницата го предлагам:
I
Усвојување на записниците од 4 и 5 седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за донесување Локален акциски план на пазар на труд во Општина Струмица 2022-2025 година;
- Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на беспрaвен објект на МПЦ-ОА Струмичка православна епархија;
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 14 – УЕ 2 на град Струмица, (плански период 2020 – 2025);
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 20.28 и ГП20.29 ,со корекција на границите помеѓу ГП 20.29 и ГП 20.31, дел од Блок 20, УЕ 9 во Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежни парцели и определување на површини за градба со намена А1.3 – семејни куќи во низа, на КП 7340/7 и КП 7340/8, К.О. Струмица, Општина Струмица
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.827 КО Баница;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.7915 и КП бр.5193/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5038, 5039 и 5352 КО Куклиш;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на
урбанистичко планска документација за проширување на плански опфатза КП бр.1175/3 и 1178/3 КО Гр. Балдовци; - Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.6725/2 КО Вељуса;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година;
- Предлог – Решение за именување членови во Управниот одбор на ЈПЗБК “Стационар – Лана “ Струмица;
- Предлог – Решение за именување членои во Надзорниот одбор на ЈПЗБК “Стационар – Лана “ Струмица;
- Предлог-Решение за разрешување и именување членови во Советот за заштита на потрошувачите на општина Струмица;
- Предлог-Решение за разрешување и именување членови во Советот за јавно здравје на општина Струмица;
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ “Детска радост“ Струмица;
- Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта“ Струмица за 2022 година;
- Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПЕД „Струмица-гас “ Струмица за 2022 година;
- Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот 1-12 месец 2021 година;
- Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2022 година; и
- Одлука за отстапување на метални контењери за смет на ЈПКД „Комуналец“ Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски