Решение за свикување педесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување педесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, бр.08 – 5967/1, 21.09.2021

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам:

Решение за свикување педесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам педесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 28.09.2021 година(вторник)

Педесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата го предлагам следниот:

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Демир Капија ;
2. Предлог – Одлука за определување на места за истакнување плакати за Локалните избори 2021 година, во Општина Струмица;
3. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година
4. Извештај за работа на СОУ „Јане Сандански” Струмица во учебната 2020/2021 година;
5. Предлог-Годишна програма за работа на СОУ „Јане Сандански” Струмица во учебната 2021/2022 година;
6. Извештај за работа на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица во учебната 2020/2021 година;
7. Предлог-Годишна програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица во учебната 2021/2022 година;
8. Извештај за работа на СОУ „Никола Карев” Струмица во учебната 2020/2021 година; и
9. Предлог-Годишна програма за работа на СОУ „Никола Карев” Струмица, во учебната 2021/2022 година.

Претседател,
Марјан Даскаловски