Во Струмица денеска беше отворен првиот Регионален саем на социјални претпријатија од југоисточниот регион во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. заедно со Канцеларијата на регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија од Скопје, а во рамките на проектот „Поддршка социјални претпријатија“ поддржан од Европската Унија.
Саемот се одржа во фоајето на НУЦК „Антон Панов“, а беа презентирани потенцијалите на дваесетина потенцијални социјални претпријатија и невладини организации кои имаат економска социјална активност. Градоначалникот Костадин Костадинов ги поздрави учесниците на саемот и рече дека тој е една многу важна регионална иницијатива која ќе донесе позитивни социо-економски промени во областа на социјалната инклузија и општествено одржливиот развој. Овој прв регионален саем за социјално претприемништво во Југоисточниот плански регион, воедно претставува модел на имплементирање на еден поинаков и поактивен пристап на обезбедување поддршка на локални заедници и луѓе од ранливи категории, со цел да бидат поинтегрирани во општеството и да ги развијат своите претприемачки способности за да можат да се ослободат од системот на користење на социјална заштита. Оваа локална иницијатива произлезе благодарение на поддршката од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ кој што е финансиран од Европската Унија. Навистина сум многу среќен што се финализира и се усвои Стратегијата за социјално претприемништво. Тоа значи дека веќе го имаме првиот правен документ во нашата земја, којшто заедно и со Акцицискиот план за развој на социјалното претприемништво во Македонија ќе се стреми кон усвојување на Законот за Социјално претприемништво, кој што ќе даде дополнителна тежина кон препознавање, видливост и финансиска поддршка на социјалните претпријатија. Во нашиот регион постојат иницијативи за социјални претпријатија кои што имаат силна социјална мисија и ги промовираат нивните високо-квалитетни услуги и производи, истовремено обезбедувајќи одржливо решение за ранливите категории на луѓе, рече Костадинов.