Се одржа јавна консултација за  Стратегијата за локален економски развој за периодот 2022 – 2026 година

Се одржа јавна консултација за  Стратегијата за локален економски развој за периодот 2022 – 2026 година

Денеска во домот на АРМ се одржа јавна консултација за документот кој е од огромно значење за понатамошниот развој на општина Струмица, а тоа  е Стратегијата за локален економски развој за периодот 2022 – 2026 година.

Убеден сум дека сите ние сме согласни со тезата дека нема квалитетен и навремен  прогрес во која било област од нашето живеење, и дека нема добра иднина без добра стратегија. Во нашиов случај, клучна е токму Стратегијата за локален економски развој од која зависи севкупниот развој на сите сегменти во општина Струмица. Во таа смисла, сигурен сум дека имаме одличен документ кој гарантира напредок по мерка на сите оние кои се дел од нашата заедница. Посакувам, по четири години, при правењето на соодветна анализа за сработеното во периодот 2022-2026 година, заеднички да констатираме дека е направен крупен исчекор во економскиот развој на општина Струмица, како доследно спроведување на Стратегијата која денес е предмет на нашиот интерес, рече градоначалникот Костадинов.